Рачната бомба фрлена во Прилеп била активирана, се изгаснала пред да експлодира

Прилеп, 16 јули 2019 (МИА) – Рачната бомба што беше пронајдена пред кафе-бар во центарот на Прилеп на 10 јули околу пладне, била „кашикара“ и била активирана, но се изгаснала и не експлодираше, информираат од прилепското Основно јавно обвинителство каде се води истражната постапка за случајот кој ги вознемири прилепчани.

Досега Обвинителството, кое веднаш даде налог да се направи крим-техничкото вештачење и да се прегледаат снимки, доби информации за типот на рачната бомба-кашикара, за нејзиното полнење,  која била активирана, но се изгаснала.

Освен тоа, не се пронајдени ДНК – примероци од евентуалниот сторител, ниту папиларни траги, односно отпечатоци, освен оние од официјалните лица кога ја демотираа рачната бомба. Се прегледуваат снимките, но засега нема конкретни индиции за сторителот, информираат од прилепското Основно јавно обвинителство.

Рачната бомба крај летната бавча, под една столица, на кафе барот „Кафе ин“ во центарот на Прилеп на 10 јули околу пладне ја забележал персоналот на кафе-барот, а сопственикот веднаш пријавил во полиција. Три часа се обезбедуваше теренот додека Единицата за антитероризам при МВР не ја демонтираше рачната бомба. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Хроника

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Read more

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Read more

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Read more

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе