Рациновото признание за 2021 за Милован Стефановски за романот „Теорија за кучешка година“

Наградата Рациново признание за 2021 година се доделува на писателот Милован Стефановски за романот „Теорија за кучешка година“, наградата ќе му биде доделена во рамките на претстојните 58 Рацинови средби кои ќе се одржат од петок до недела во Велес. Добитникот беше избран во најсилна конкуренција досега меѓу 27 прозни дела од 26 автори издадени меѓу две Рацинови средби.

Жирито во состав Христо Петрески (претседател)  и членовите Стефан Марковски и Делвина Крлуку, од пристигнатите на конкурсот избрале девет дела, од кои  едногласно одлучиле престижната награда да му се додели на Милован Стефановски.

Како што информира на денешната прес-конференција претседателот на жирито Петрески новиот роман „Теорија за кучешка година“ е шести по ред роман на авторот во кој  се определува за исповедна наративна стратегија.

Романот е компониран според драмски урнек и поседува проложен, исповеден и завршен дел. Во овој невообичаен по многу нешта роман е сместен еден човечки живот преку врамување на спомените од заедничките и личните судбински нешта.

-Во својот најнов краток роман писателот Милован Стефановски одбира преку своевидно монолошко обраќање на син кон татко на индиректен начин на читателот да му ја пренесе целата приказна без притоа да се приведе ниту едно лично име, ниту конкретна локација или топоним, ниту пак временска одредница за тоа кога се случува дејството. Веруваме и се надеваме дека овој роман ќе заземе соодветно место во македонската романескна продукција со својата оригиналност, специфичност и полифоничност, потенцира Петрески.

Добитникот, 69-годишниот Милован Стефановски во изјавата за медиумите потенцира дека му претставува голема чест добивањето на ова значајно Рациново признание од повеќе причини, а најголемата и најважната е што токму признанието што се доделува на оваа манифестација што го носи името на големиот Рацин.

– Коста Апостолов Солев Рацин за припадниците на мојата генерација, a роден сум 1952 година, претставуваше еден вид книжевна икона која искрено и со голема почит ја примавме особено вљубениците во пишаниот збор, потенцира Стефановски.

Воедно појасни дека тој по двата родитела потекнува од Кичево, а во околината на Кичево е и Лопушник каде што местото на погибјето на  ацин и тоа влијаело за негов посебен однос кон Рацин.

Појасни дека во неговата прва книжевна објава во 1978 година поетската книга „Ѕид пред бескрајот“ со којашто дебитирал во македонската книжевност поместена е и една песна со наслов „Лопушник“ посветена на Кочо Рацин.

Тој потсети дека токму со оваа негова прва поетска книга во 1978 година, со само 26 години го понел и големото признание наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата.

Пoјасни дека тоа тогаш било големо изненадување млад автор со дебитантска книга да добие толку големо и високо признание во период кога светскиот фестивал на поезијата Струшките вечери на поезијата бил многу значен  не само во македонски рамки, не само во југословенски туку и во светски рамки, во вистинска смисла на зборот.

– Со најновото мое книжевно дело речиси со рамносилна возбуда на тогашната ја примив веста дека токму „Теорија за кучешката година“ е добитник на значајното Рациново признание, потенцира Стефановски.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Култура

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Read more

Коле Ангеловски: Театрите се распаѓаат, а ние финансираме фестивали во други држави

Read more

Ива Петреска ја промовира дебитантската стихозбирка „Песнило“

Read more
26 март 1901, роден е македонскиот сликар Лазар Личеноски

26 март 1901, роден е македонскиот сликар Лазар Личеноски

Read more
 

Вести

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе