Радев пред средбата со Силјановска: Очекуваме С. Македонија да ги исполни своите обврски, нека се вратат на реализмот

Владата на Република Северна Македонија сѐ уште не ја напуштила предизборната реторика. Нека се вратат на реализмот.

Ова им го порача на новинарите бугарскиот претседател Румен Радев, неколку часа пред средбата со претседателката на Гордана Силјановска-Давкова, која доаѓа во Софија на оперската продукција „Набуко“, јавува БГНЕС.

„Точно е дека музиката и културата сe сфери кои нѐ зближуваат и Бугарија отсекогаш била отворена за дијалог со Република Северна Македонија и очекува овој дијалог не само да помогне во нашето културно зближување, да даде поттик на економската соработка, очекуваме со овoj дијалог конечно решавање на отворените прашања меѓу нас“, рече Радев.

Тој нагласи дека заедно со потпишаните договори, вклучувањето на раководството на Македонија во Коридорот 8 ќе биде јасен показател за реалните европски амбиции на Македонија за поголема поврзаност во регионот.

„Очекувам искажаната желба за дијалог и разбирање од страна на претседателката Сиљановска да стане конзистентна политика и на Владата на Северна Македонија“, рече Радев и продолжи:

„Владата на Северна Македонија сѐ уште не ја напуштила предизборната реторика. Нека се вратат на реализмот. Нашите односи ќе се засноваат на склучените договори. Очекуваме Северна Македонија да ги исполни сите свои обврски – и кон нас и кон Европската Унија“.

„Строго го следиме протоколот, на ред сум да дојдам во официјална посета на Северна Македонија“, рече Радев во врска со денешната посета на Силјановска-Давкова, која е неофицијална, пренесува медиумот.

Запрашан дали веќе има ваква покана, Радев рече дека ова прашање ќе биде разјаснето со шефот на македонската држава.

реклама

Еден тип на кафе е најдобар за долговечност, многумина го пијат секојдневно

Read more

Околу 14.000 македонски граѓани останаа без денар вложувајќи пари преку Conti

Read more

Се продава најстариот фудбалски клуб во Италија

Read more

Три вообичаени грешки кои значително ги расипуваат интимните односи: Каде е проблемот?

Read more

Регион

Нереални снимки од Босна и Херцеговина: Село се претвори во река, отсечено е од светот

Read more

Дунав поплави село во Србија: До него се стигнува само со брод

Read more

Федерацијата на Босна и Херцеговина воведе регистар на педофили

Read more

Вучиќ: Просечната плата во Србија во декември ќе биде 900 евра

Read more
 

Вести

Во понеделник неколку улици во Скопје ќе бидат затворени поради посетата на Вучевиќ

Читај повеќе

Пожарникари извлекле жена од срушена куќа во Велес

Читај повеќе

Околу 14.000 македонски граѓани останаа без денар вложувајќи пари преку Conti

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС го подготви најскандалозниот тендер за пругата кон Бугарија

Читај повеќе

Еден е повреден во пукање синоќа во Чаир

Читај повеќе

Денес се трча маратон во Скопје, затворени се улици и нема да возат дел од автобусите на ЈСП

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Трајковски најави казни: Маркетите се обидуваат да го заобиколат законот и да остварат профит

Читај повеќе

Премиера на комедијата Жени во црвено во Македонија

Читај повеќе