Радев за барањето на Пендаровски: Историјата ви е манипулации и фалсификати

Бугарскиот претседател Румен Радев одговори на барањето за извинување, што македонскиот претседател Стево Пендаровски го упати до бугарскиот врв поради улогата на бугарската војска и полиција во елиминацијата на македонските Евреи за време на Втората светска војна.

„Интересот на претседателот на Република Северна Македонија за историјата е за пофалба, но тоа што ќе се каже треба да се заснова на историска вистина, а политичарите кај нашиот сосед сѐ уште им ја должат на своите граѓани вистината за сопствената историја. Историја која со децении е обвиена со манипулации и фалсификати“, рече Радев додека присуствуваше на церемонијата на доделување на наградите на Бугарскиот форум на бизнис лидери, пренесува МИА.

Останува нејасно дали бугарскиот претседател под „историја обвиена со манипулации и фалсификати“ мислеше и на депортирањето на македонските Евреи, за чија судбина светската историја јасно ја има признаено улогата на Бугарија.

Претседателот Пендаровски во неделата во обраќањето пред Споменикот во Скопје на 7.144-те депортирани македонски Евреи, изјави дека за да има помирување, треба да има извинување за улогата на тогашната профашистичка влада во Софија за депортацијата.

„Обврзани сме да ги поставиме следниве прашања: дали ние, денешните генерации имаме право да смируваме нечија нечиста совест околу Холокаустот на македонските Евреи? Дали смееме да молчиме пред историскиот ревизионизам што ги рехабилитира злосторниците и ги слави виновниците? Дали треба да заборавиме со чии потписи македонските Евреи беа систематски лишувани од нивните граѓански, економски и човечки права и испратени во смрт?“, праша Пендаровски.

Тој побара извинување од Бугарија за улогата на профашистичката влада во Софија во тоа време во депортацијата на македонските Евреи.

„И во хебрејскиот и во македонскиот јазик изворното значење на зборот правда упатува на она што одговара на вистината. Правда значи да се препознае и именува вистината и таа да биде почитувана од сите. За да има помирување, треба да има извинување за улогата на профашистичката влада во Софија во тоа време во депортацијата на македонските Евреи“, потенцираше Пендаровски.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Македонија

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Read more

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Read more

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Read more

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more
 

Вести

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Читај повеќе

Инспектори затекнале диви менувачници на Бит-пазар, но наместо да ги запечатат, им дозволиле да работат

Читај повеќе

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе