Радикализиран малолетник подготвувал терористички напад во Пловдив

По првпат е спречен терористички напад во Бугарија, а цел на малолетниот џихадист било училиште во Пловдив.

„Станува збор за дете – жртва, а не сторител на сериозен криминал. Тоа е лична трагедија, која, за среќа, не е развиена во голем обем“, изјави заменикот главен обвинител Иван Гешев во врска со спречениот напад во Пловдив, јави БГНЕС.

„Некои прашања се однесуваат на секој од нас како родител во оваа земја. Овие проблеми мора да се решат и да им се спротивставиме како општество“, додаде тој.

Гешов појасни дека во средата добиле дојава од блиски на 16-годишното момче. Бугарската агенција за безбедност и контраразузнавање ДАНС информира дека станува збор за ученик кој се радикализирал. Потоа е извршен претрес на две простории кои ги користело детето, кое инаку е ученик во елитна гимназија во Пловдив и е од добро ситуирано семејство.

Гешов го оквалификува како „суперинтелигентен“. При претресот пронајдени се подготвени и во изработка експлозивни направи. Една од тие експлозивни направи е како оние кои најчесто се користени во бомбашките напади во САД. Исто така постои и експлозивен уред во процесот на подготовка, т.н. бомби со нокти.

Супстанцата за правење на таква бомба е употребена за некои од нападите во Белгија, Франција и Сарафово.

„Супстанцата што се користише во Сарафово е помеѓу 2 и 3 кг, а сега станува збор за 14,5 килограми од оваа материја“, истакна Гешев.

Тој уште додаде дека ученикот бил радикализиран од терористичката Исламска држава.

„На 16-годишното момче треба да му помогнат специјалисти во изолирана средина. Затоа воведовме мерка вчера, не заради кривична одговорност, детето да биде сместено во специјализирана установа, каде со него ќе работат специјалисти, психолози и психијатри“, истакна бугарскиот заменик главен обвинител.

реклама

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе