Radiohead објави песна што требало да биде на легендарниот албум OK Computer
Британскиот бенд Radiohead го објави првото видео од престојното реиздание на култниот албум OK Computer од 1997 година.
Песната I Promise е една од песните што биле снимени за овој албум, но досега не била објавена. Реизданието на албумот ќе излезе на 23 јуни под наслов Ok not Ok, преку издавачката куќа XL Recordings. Албумот ќе ги содржи оригиналните 12 песни, осум песни на Б-страната, како и три досега необјавени песни: Lift, Man of War и штотуку објавената I Promise.