На 28 август срцето на Радовиш ќе пулсира во ритамот на незаборавната музичка вечер организирана во чест на Денот на македонските рудари и Денот на градот Радовиш.

Најдоброто од македонската музичка сцена ќе се сплоти во едно кога маестро Игор Џамбазов придружуван од „Гуру Харе бенд“ ќе ги изведе своите најголеми хитови. Спектаклот почнува во 21 часот и ќе трае два часа носејќи ги присутните низ три децении музички креации, како „Хотел Македонија“, „Каква е оваа ситуација“, „Да си жив и здрав“ и многу други.
Прославата ќе продолжи во 23 часот со настапот на ексју-рок-иконите од сараевскиот бенд Crvena jabuka, кои ќе ги наполнат радовишките улици со звуците на нивните безвременски хитови, како „Nekako s proljeća“, „Tugo, nesrećo“ и „Moje najmilije“.
Организаторите ветуваат вечер исполнета со одлична забава, квалитетна музика и настан кој не само што не смее да се пропушти туку ќе биде вистинско музичко патување низ времето, посветено на сите љубители на добрата музика.
Претходно, на 24 август, ќе се одржи и фестивалот Рудар рок фест.