СВР Струмица поднесе кривична пријава против 53-годишниот Ж.С. од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.
Пријавениот на 5-ти август попладне на плоштадот во Струмица, без повод и причина, најпрво започнал вербална расправија, а потоа и физички ја нападнал својата поранешна сопруга, заканувајќи и се дека ќе ја убие ако пријави во полиција, соопштуваат од МВР.