КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Радувај се народе, Македонија е во мундијалски бараж

Филип Здравески
/ 14.11.2021 / 19:51

За прв пат во својата фудбалска историја Македонија е блиску до едно Светско првенство, еден Мундијал на ФИФА. Исланд падна во Скопје, Македонија сама си ја испиша судбината.

Фото: ФФМ

Благоја Милевски натпреварот го започна со речиси истите единаесетмина кои ја победија Ерменија во четвртокот, со таа разлика што суспендираниот капитен Стефан Ристовски се врати во составот на местото на Стефан Ашковски, кој патем одлично замени. На голот стандардно Столе Димитриевски, во одбраната Езџан Алиоски лево, Висар Муслиу и Дарко Велковски како централни бекови и капитенот Стефан Ристовски десно. Во средината Елиф Елмас, Тихомир Костадинов и Енис Барди, додека во нападот по крилните позиции искусниот Александар Трајковски и Дарко Чурлинов, а најистурен Милан Ристовски.

Националната арена „Тоше Проески“ во Скопје веројатно распродадена, бидејќи ако не лажат очите, се чини дури и повеќе публика има од оние 50% колку што се дозволени.

Remote video URL

Пред самиот почеток македонскиот капитен на својот колега Биркир Бјарнасон му подари македоснки дрес со бројот 105 по повод неговиот 105-ти настап во исландската репрезентација.

Македонските фудбалери одлучно почнаа од самиот старт, притискајќи и барајќи шанса пред голот на гостите од далечниот север.

Уште во 7. минута падна толку посакуваниот гол. Трајковски итро го проигра Алиоски во празно, не беше во офсајд, и од лево ја смести топката во исландската мрежа фаќајќи ја гостинската одбрана неподготвена.

Освен тој гол, конкретни шанси речиси и да немаше во првиот дел. Се играше на средината, со по некоја закана, но без сериозен удар кон двата гола.

Исланд брзо се врати во игра во втотиот дел. Во 54. минута невнимание во домашната одбрана, Бјарнасон ја прати топката на втора статива каде Тоурстеинсон беше оставен сам и лесно го совлада Димитриевски.

Од тој шок македонските фудбалери се опоравија за десетина минути. Барди изведе слободен удар од лево, Оулафсон одбрани, Алиоски потоа шутираше, но беше блокиран. Топката повторно се врати кај него, повторно упати удар, но повторно не стигна до голот. За среќа Елмас ја прими пред голманот и со два потега ја смести во мрежата за ново водство, овој пат од 2:1.

Remote video URL

Јоханесон во 79. минута направи фаул над Елмас, а италијанскиот судија му покажа втор жол картон и гостите останаа со десетмина во поле.

На 4 минути пред крајот победникот конечно беше решен. Соло акција на Елмас кој до крај ја изведе завршувајќи во мрежата со помош на подалечната статива.

Remote video URL

Очекувано Германија ја совлада Ерменија со 4:1 на гости, додека Романија оствари пирова победа над Лихтенштајн и тоа со само 2:0.

Македонија е во бараж, но работата е далеку од завршена. Жрепката е на 26 ноември, кога ќе го дознаеме првиот противник, како и можните противници во финалниот бараж.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе