Тенис

Рафаел Надал се ожени со љубовта од детството Франсиска Перељо

21. октомври 2019 - 13:07 | Б.С.Б.

По 14 години врска славниот тенисер Рафаел Надал се ожени со љубовта од детството, 31-годишната Марија Франсиска Перељо. Судбоносното „Да“ го кажаа во саботата, во познатата тврдина Ла Форталеса на Мајорка, пред 350 гости. Меѓу нив беше и некогашниот крај на Шпанија, Хуан Карлос I.

Тврдината на која се одржа церемонијата е најскап имот во Шпанија, изградена е во 1628 година за одбрана од напаѓачи, а подоцна пренаменета во луксузен ресорт со седум вили.

Невестата блесна во прекрасна венчаница со класичен крој, дизајнирана од шпанската дизајнерка Роса Клара. Нејзината мајка, како и сестрата и мајката на Надал исто така беа облечени во нејзини креации.

Меѓу гостите се најдоа и колегите на Надал со нивните партнерки, меѓу нив беа Давид Ферер, Карлос Моја, Марк Лопес, Фернандо Вердаско и Фелисијано Лопес.

Коментирај