Рај за велосипедисти
Во Белгија постои велосипедска патека која води низ прекрасни дрвја. Патеката е во кружна форма и им овозможува на велосипедистите да возат кругови на висина од 10 метри. Патот е долг 700 метри, а може со часови да се вози низ прекрасното опкружување.
На овој начин возачите имаат можност да се рекреираат и да уживаат во чистиот воздух. Во цел на промоција на туризмот и поттикнување на луѓето почесто да престојуваат во природа, белгиската туристичка организација Visit Limburg веќе подолго време работи на креирање велосипедски патеки. Ова нивни втор проект кој се појави минатата година.