Здравје

Рак на бели дробови – осум симптоми што не треба да ги игнорирате

17. јуни 2018 - 13:49 | А.С.

Непрекината кашлица, чувство на умор и губење на апетитот се само дел од симптомите што може да укажуваат на рак на белите дробови.

Најпрво, треба да знаете дека има два вида на рак на белите дробови – микроцелуларен и немикроцелуларен белодробен карцином.

Немикроцелуларниот е најчест и се јавува во 80% од случаите, додека микроцелуларниот е поредок, но исто така и најмалиген и брзо се развива.

Белодробниот карцином се јавува подеднакво и кај мажи и кај жени, најретко кај луѓе под 40 години.

Ова се осум најчести симптоми што укажуваат на рак на белите дробови:

 - Кашлица што не поминува подолго време

 - Промена на видот на кашлицата што ја имате веќе подолго време

 - Губење здив

 - Искашлување слуз со траги од крв

 - Болка во градите или рамената

 - Губење на апетитот

 - Умор

 - Необјаснето губење тежина

Помалку вообичаени симптоми што исто така се поврзуваат со напредување на болеста се губење на гласот, тешкотии при голтање и болка и чувство на непријатност под ребрата, во градите или во рамената.

Коментирај