Авто новости

Ракета на патот - електричниот Lotus Evija е најмоќен на светот

22. ноември 2019 - 17:31 | А.С.

Со вкупно 2.000 коњски сили Lotus Evija не само што е најмоќниот електричен автомобил, туку е и најмоќен автомобил во сериско производство.

Со ова Lotus го остави далеку зад себе конкурентот C-Two на Rimac, а во Норфолк решија да докажат дека Evija не е само дизајнерска фантазија.

Првиот електричен Lotus изгледа фантастично опасно, а таков е и на асфалтот.

Evija е легалниот болид кој ни помалку, ни повеќе туку со електричен погон остави прашина во очите на целата конкуренција. Од 0 до 200 км/ч стигнува за 6 секунди, а максималната брзина изнесува 340 км/ч.

Електричната ѕверка ќе почне да се продава следната година, но ќе бидат произведени само 130 примероци. Цената изнесува вртоглави 1,5 милиони фунти.

Коментирај