ИХФ СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ЕГИПЕТ 2021

Ракометарите го победија Чиле и одат во наредната фаза

Македонските ракометари ја забележаа првата победа на ракометниот мундијал откако попладнево во тешка и израмнета битка го совладаа Чиле.

Само победа ја вадеше Мкаедонија денеска бидејќи и со нерешено, поради послаба гол-разлика, чилеанската репрезентација ќе се пласираше во втората фаза.

Првиот дел им припадна на Чилеанците кои најчесто водеа, но најмногу со два гола разлика, додека македонските ракометари израмнуваа и се обидуваа да поведат, нешто што им успеа во три наврати. На полувреме Чиле замина со предност од 17:16.

Уште на почетокот од вториот дел израмнивме, па победовме, разлика која ја одржувавме до крај. Едно време дојдовме и до +4 разлика (27:23), а на крајот Македонија триумфираше со 32:29.

Најефикасен во нашиот табор беше 40-годишниот Кире Лазаров кој постигна 8 голови и беше прпгласен за играч на натпреварот. Кај Чилеанците исто толку голови постигна Салинас.

Табела:

  1. Шведска 4 (73:46)
  2. Египет 4 (73:48)
  3. Македонија 2 (71:99)
  4. Чиле 0 (84:108)

Од 18 часот Египет и Шведска во директен дуел ќе одлучат кој ќе биде првопласиран.

Во втората фаза ќе играме во групата IV заедно со репрезентациите од Х групата каде сигурни патници се Белорусија, Русија и Словенија. Првиот натпревар ќе го играме веќе в среда, а противникот допрва ќе биде одреден согласно конечниот пласман.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

Дончиќ официјално прогласен за најдобар стрелец во НБА

Читај повеќе
  • play_arrow

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Читај повеќе
  • play_arrow

Се посрамоти за цел живот: Хрват го изведе најлошиот пенал и тоа во Ла Лига

Читај повеќе

Американците со најдобрите ќе настапат на Олимпијадата во Париз

Читај повеќе
  • play_arrow

Џеко на 38 години истрча од гол на гол за девет секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Како беше на скопското дерби Работнички - Вардар?

Читај повеќе

Проклетството на Кејн ја уништи трофејната низа на рекордерот Коман

Читај повеќе
  • play_arrow

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Читај повеќе

Откриено зошто колабираше Ндика, немал срцев удар

Читај повеќе