Ракометарите испуштија победа во Украина

Македонската ракометна репрезентација пропушти вечерва да се пласира на Европското првенство кое наредната година ќе се одржи во Хрватска. Македонија во Украина ремизираше со домаќинот со 27:27.

Македонските ракометари ја испуштија можноста на коло до крајот да избори пласман на ЕП. Македонија одигра добро прво полувреме во Украина, по кое имаше предност од 18:14, но со лошата игра во вториот дел им дозволи на Украинците да изборат реми и да ја продолжат неизвесноста во групата.

Во пресрет на последното коло во Групата 4 лидер е Чешка со 6, Македонија и Украина имаат по 5, а Исланд 4 бодови.

Македонските ракометари бавно влегоа во натпреварот, што му овозможи на домаќинот да оствари два гола предност 3:1 во петтата минута.

Сепак поставата на Раул Гонзалес со Кире Лазаров и Митков на десната страна во одбраната и нападот даде резултат и со серија од три гола Македонија го имаше првото водство на мечот 3:4.

Следуваше период на играта во кој двете селекции наизменично постигнуваа голови, а Украина во последните десет минути од првиот дел влезе со предност 12:10.

До крајот на полувремето следуваше период на најдобриот период во игра на Македонија, со серијата шест гола предноста на изнесуваше четири гола 12:16, а на полувреме беше 14:18.

Моментумот од финишот на првиот дел играчите на Раул Гонзалес го задржаа и во вториот дел, но само во почетните пет минути, кога ја достигнаа најголемата предност од пет гола 16:21.

Украина одговори со четири гола во низа за 20:21 во 38 минута, кој Македонија го одби со три гола за 21:24, но тешко ја одржуваше предноста поради лошата игра во двата правци и голманот Чуприна, кој во второто полувреме имаше десет интервенции.

Понудената шанса Украинците максимално ја искористија и со голот на Денисов во последната минута израмнија на 27:27. Последниот напад го имаше Македонија, во ситуација со играч повеќе акцијата беше за Манасков но неговиот удар го одбрани украинскиот голман.

Кире Лазров со осум голови ја предводеше Македонија, пет реализираше Талески, а по четири постигнаа Стоилов, Манасков и Миркуловски.

Украина голгетерски ја предводеше Садови со шест гола, но играч на натпреварот беше голманот Чуприна со 12 интервенции.

Во последното коло во недела Украина ќе му гостува на Исланд, а Македонија ќе ја пречека Чешка. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе