ИХФ СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ПОЛСКА / ШВЕДСКА 2023

Ракометарите ја совладаа Јужна Кореја и завршија на 27. место

Македонската ракометна репрезентација со победа се прости од настапот на Мундијалот во Полска и Чешка каде на крајот оствари пласман на 27. место од вкупно 32 учеснички.

Фото: РФМ

Лошите игри во прелиминарната фаза каде Македонија беше на трипати убедливо поразена допринесе да се натпреваруваме во Президентс купот каде на крајот успеавме да завршиме пред само 5 од 32-те репрезентации учеснички на XXVIII Мундијал на ИХФ.

Вечерва во „Орлен“ арената во Плоцк, Македонија ја совлада Јужна Кореја во борбата за тоа 27. место со 36:33. Македонците добро го започнаа натпреварот и ниту еднаш не им дозволија на Корејците да водат во првиот дел. Водството варираше од 3, 4 и 5 голови разлика, а во еден момент резултатот гласеше и +6 за Македонија (17:11). Сепак, Корејците при крајот благодарение на серијата од 4:0 се изборија за само гол негатива на полувремето (20:19).

По паузата Македонија поведе со 3 разлика, но потоа Корејците во два наврата израмнуваа, а по вториот и поведоа со 26:25, што беше нивно прво водство на овој дуел. Потоа се играше гол за гол, а водството наизменично се менуваше. Така беше сѐ до последните 5-6 минути кога Македонија поведе со 31:30, а до крајот го имаше резултатот под контрола за на крајот да триумфира со 36:33.

Најефикасни на паркетот, со по 8 голови, беа Филип Кузмановски и Џин Јусун, но Кореецот имаше 100% ефект бидејќи од 8 обиди осумпати погоди. Во нашиот табор 6 гола постигна Ненад Костески, 5 Мартин Серафимов, а по 4 Филип Талески и Иван Џонов.

Сите резултати на Македонија на Мундијалот 2023 во Полска и Шведска:

Прелиминарна фаза

Група Ф
Македонија - Норвешка 27:39
Македонија - Холандија 24:34
Македонија - Аргентина 26:35

Президентс куп

Група II
Македонија - Алжир 40:25
Македонија - Тунис 28:33
Македонија - Мароко 40:25

Натпревар за 27. место
Македонија - Јужна Кореја 36:33

Конечен пласман (без првите 8):

  9. Хрватска
10. Словенија
11. Србија
12. Исланд
13. Португалија
14. Холандија
15. Полска
16. Бахреин
17. Бразил
18. Црна Гора
19. Аргентина
20. САД
21. Белгија
22. Катар
23. Зелен 'Рт
24. Иран
25. Чиле/Тунис
26. Чиле/Тунис
27. Македонија
28. Јужна Кореја
29. Саудиска Арабија
30. Мароко
31. Алжир
32. Уругвај

реклама

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе