Ракомет
ЕП 2020

Ракометарите на Шпанија ја победија Хрватска и ја одбранија титулата

26. јануари 2020 - 18:38 | Б.С.Б.

Ракометарите на Шпанија во финалето на Европското првенство ја победија Хрватска со 22 : 20 и на тој начин ја одбранија титлата на европски шампиони.

Хрватска одлично го отвори мечот и поведе со 2 : 0, но Шпанците во седмата минута стигнаа израмнување и од тој момент се играше за гол сè до петнаесеттата минута кога избраниците на Лино Червар повторно поведоа.

Во деветнаесеттата минута Хрватска водеше со 3 гола (10 : 7), но потоа Шпанците се разбудија. Во дваесеттата минута Варга одбрани шут од Игор Карачиќ од девет метри и тогаш започна незапирливата серија. Шпанците брзо изедначија и поведоа. Првото полувреме заврши 12 : 11.

На почетокот на второто Шпанците максимално го искористија исклучувањето на Хорват и реализираа неколку погодоци. Сепак, во 49-тата минута Хрватска израмни (18 : 18).

Во последните десет минути се водеше вистинска драма. Во самиот финиш на мечот Шпанците успеаја да стигнат до победа и одбрана на титулата.

Хрватска и понатаму остана без злато од големите натпревари. Шпанија со овој триумф обезбеди и пласман на Олимписките игри во Токио.

Коментирај