ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2020/21

Ракометарите на Вардар заглавија во Порто, одложен дуелот со ПСЖ

Поради проблеми со летот на релација Порто-Франкфурт, екипата на Вардар 1961 остана во Португалија и ги пропушти врзаните конекции до Белград и Скопје за враќање дома по дуелот од Лигата на шампионите.

Наместо вечерва, екипата би требало утре да тргне од Порто и преку друга конекција да стигне до Скопје.

Вардаровите ракометари денеска не успеале да заминат со авионот од Порто, откако службениците од авиокомпанијата со која требало да летаат ги информирале нашите претставници дека поради новите ковид-правила што се воведени во Германија доколку заминат за Франкфурт ќе мора да бидат ставени во карантин. Дури и ако се работи за транзитирање и не се напушта аеродромската зграда.

Екипата ги имала сите подребни документи за патување, а пред заминувањето од Португалија биле направени и PCR тестови со цел да има не постари од 48 часа. Но, и покрај сите потребни документи од авиокомпанијата не добиле дозвола да се качат на авион и да заминат за Франкфурт.

За проблемите во Порто со авионските врски информирани се и во ЕХФ, и заедно се бара начин екипата што побрзо да се врати во Скопје и да се подготвува за следниот дуел со Флензбург.

Среќа во несреќа е што ЕХФ штотуку го одложи дуелот со ПСЖ кој требаше да се игра во вторник. Канцеларијата на ЕХФ го информираше Вардар дека од Француската ракометна федерација добиле известување за нови рестрикиции што ги вовела државата за лицата што не се од Европската Унија (задолжителен карантин при пристигнување).

Новите правила се на сила до неодреден датум и поради тоа нема шанси да се одигра натпреварот од Лигата на шампионите во Франција. ЕХФ и клубовите ќе се договорат за нов можен датум за одигрување на натпреварот.

реклама

Се гради највисоката кула во светот, ќе биде висока 1.000 метри

Read more

Експертите предупредуваат на „тивкиот убиец“ без симптоми

Read more

Што се добива кога ќе завариш две Југо коли во една?

Read more

Неделен хороскоп од 25 септември до 1 октомври

Read more

Ракомет

Папаниколау се расплака пред новинарите по елиминацијата на Грција

Read more

РК Еурофарм Пелистер ги објави цените за ЛШ: сезонските билети чинат од 5.500 до 6.500 денари

Read more

Борко Ристовски е нов извршен директор на РК Вардар 1961

Read more

Нов дебакл на младите ракометарки на ЕУРО, сега од Србија

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Џанг спектакуларно го нокаутира Џојс

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо во арапска носија изведе бедуински танц со меч

Читај повеќе

Mundo Deportivo: Модриќ наскоро ќе биде во тимот на Меси

Читај повеќе

Томас Милер има 100 победи во ЛШ

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо не доби пенал, па му се налути на судијата

Читај повеќе

Капело објасни зошто Јувентус има предност во трката за Скудетото

Читај повеќе

Дрес од МЗТ за градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс

Читај повеќе

И Интер добива сопственик од Блискиот Исток?

Читај повеќе

Хамилтон пред Јапонското ГП: Се надевам Ред Бул нема да биде 30 секунди пред сите

Читај повеќе