КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕХФ ЕУРО 2024

Ракометарите поразени дома од Португалија

Македонската машка ракометна репрезентација вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ не успеа да ја искористи предноста на домашната публика и со 23:29 загуби од Португалија.

По почетниот гол за 1:0 за Македонија, Португалците го презедоа водството, едно време поведоа и со +4, а на пауза се замина со 14:11 за гостите.

По паузата Македонците истрчаа помотивирани и успеаја да ја стопат негативата. Прво израмнија на 19:19, а потоа конечно дојдоа и во водство (20:19). По тајм-аутот на гостинскиот селектор, Португалија со 4 гола во низа го врати водството.

Толку траеше налетот на домашните ракометари бидејќи до крајот гостите го одржуваа водството, кое се движеше од 2 до 4 голови разлика. На крајот поразот беше убедлив со 6 гола разлика (23:29).

Во нашиот табор најефикасен беа Филип Кузмановски и Мартин Серафимов со по 5 погодоци, додека убедливо најдобар на паркетот беше Антониу Ареја со 10 голови од исто толку удари.

Кај голамните, Мартин Томовски имаше 25% успешност со одбранети 5 од 20 удари, а Никола Митревски имаше 17,65% со 3 од 17. Густаву Капдевил одбрани 8 удари од 20 за 40% успешност.

Македонија и Португалија веќе в недела повторно ќе се сретнат, овој пат на португалско тло, со почеток од 18:30 часот.

Во другиот натпревар од нашата група, кој се одигра синоќа, Турција по голема борба славеше како гостин против Луксембург со тесни 29:30 (10:14).

Табела по 3. коло:

  1. Португалија 6
  2. Македонија 4
  3. Турција 2
  4. Луксембург 0
реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Што да јадете за здрав црн дроб?

Read more

Ракомет

Ракометарите поразени дома од Португалија

Read more

Александар Јовиќ е нов тренер на Еурофарм Пелистер

Read more

Пуштени во продажба билетите за дуелот на македонските ракометари против Португалија

Read more

Савевски повика 18 ракометарки за контролките со Турција

Read more
 

Спорт

Ибра: Јас сум минато, сегашност, но и иднина на шведската репрезентација

Читај повеќе

Норвешка без Холанд против Шпанија

Читај повеќе

Верстапен: Не сум среќен, требаше да победам

Читај повеќе

Лацио со осуда кон навивачите кои го величаа Хитлер и скандираа антисемитски пароли

Читај повеќе

Шкупи по втор пат го отпушти Седлоски

Читај повеќе

Де Роси ја измамил сопругата роденденот да го слави во паб гледајќи дерби

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси не може ни да вечера на раат во Аргентина

Читај повеќе

Претставен новиот дрес на македонската фудбалска репрезентација

Читај повеќе

Дешан го избра новиот капитен на Франција

Читај повеќе