ЕХФ ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО РАКОМЕТ 2020

Ракометарите во тешка битка со пресврт загубија од Чешка

Со одбрана која тотално потфрли и подзаспан напад, Чесите премногу лесно постигнуваа голови во второто полувреме за на крајот да триумфираат со два разлика.

Македонските ракометари почнаа добро и на полувреме отидоа со предност од 11:9. Но, на стартот од вториот дел Чесите преземаа иницијатива и влегоа во серија од 6:1 со што дојдоа до водство од 15:12.

Како што минуваше времето Македонија наместо да се доближи не успеваше да реализира во неколку наврати и Чесите во еден момент дојдоа и до највисокото водство од 4 голови разлика.

Особено разочара одбраната која премногу лесно беше пробивана од Чесите, а двајцата македонски голмани Ристовски и Митревски за цел натпревар одбранија само 4 удари.

За разлика од нив, на чешкиот гол несовладлив за Македонија беше Мартин Галија кој и беше прогласен за играч на натпреварот откако забележа дури 14 одбрани.

Само седуммина македонски играчи успеаја да се запишат во листата на стрелци од кои најефикасен беше Лазаров со 11 голови, 5 постигна Манасков, додека 6 Георгиевски. И повторно истиот проблем, премногу се чекаше од Лазаров сам да ја носи репрезентацијата.

Кај Чешка кошмарен по нашиот гол беше Кашпарек кој растури во вториот дел кога секој удар му завршуваше во мрежата на Ристовски и Митревски. Чешка победи со 27:25.

Овој пораз ги комплицира работите за Македонија бидејќи сега за пласман во наредната фаза ќе треба да се оди на победа над домаќинот Австрија, репрезентација која во првото коло ја победи Чешка. Додатен проблем е што денеска загубивме со два разлика бидејќи при евентуална победа над Австрија може и гол-разликата да биде пресудна под претпоставка дека Чешка ќе ја совлада Украина која пак вечерва загуби од домаќинот.

Табела:

1. Австрија 4 66:59
2. Чешка 2 56:57
3. Македонија 2 51:52
4. Украина 0 55:60

Фото: Љубен Кувенџиски

реклама

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе