ИХФ КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ШПАНИЈА 2021

Ракометарките ја победија и Грција и како први одат во баражот

Македонската женска ракометна репрезентација со трета победа го завери првото место во квалификациската група откако денеска ја совлада и Грција со 20:19.

Леонида Гичевска во дуел со Панајота Агриропулу; Фото: РФМ

Првото полувреме им припадна на грчките ракометарки кои го добија со 13:10 откако од почеток на натпреварот ја одржуваа предноста. Во еден момент дури поведоа и со +4.

По паузата Македонките ја презедоа иницијативата, направија пресврт и до крај се играше гол за гол. Многу потешко од очекуваното триумфиравме над аутсајдерот во групата, но тоа веројатно беше поради заморот, а и поради фактот што веќе имавме заверено место во баражот.

Најефикасна на паркетот во „Борис Трајковски“ беше Сара Ристовска со 10 голови, додека кај гостите тоа беше Марија Хаѕипарасиду со 6 голови. Една од најзаслужните за победата е и голманката Јована Мицевска која одбрани 9 удари меѓу кои и последниот за израмнување.

Сара Ристовска; Фото: РФМ

Вечерва се игра последниот натпревар од групата помеѓу Исланд и Литванија, натпревар во кој во меѓусебен дуел ќе се одлучи кој ќе биде вториот патник во баражот. Двете репрезентации загубија од нашата селекција, а ја совладаа Грција.

Табела:

  1. Македонија 6 (75:57)
  2. Исланд 2 (48:43)
  3. Литванија 2 (48:57)
  4. Грција 0 (64:78)

Македонија ќе игра во баражот за пласман на Мундијалот во Шпанија. Жрепката е утре, а противник ќе ни биде една од Германија, Полска, Русија, Словенија, Србија, Унгарија, Црна Гора, Чешка или Шведска.

реклама

BBC: Израелците беа убедени дека се недопирливи

Read more

Кафе едно евро, вино две: Која е европската дестинација со рајски плажи?

Read more

Најдени црните кутии: Откриен клучниот момент за падот на индискиот авион

Read more

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Read more

Ракомет

ЕХФ пресече: Алкалоид го освои Европскиот куп!

Read more

Најдобриот дефанзивец на шпанската лига го засили Охрид

Read more

ЕХФ уште нема одлука за неодиграниот натпревар помеѓу Алкалоид и АЕК

Read more

Мукаетов: ЕХФ да одлучи според важечките спортски правилници

Read more
 

Спорт

Уапсени 12 навивачи во Грција: Дилале дрога, ограбувале, палеле...

Читај повеќе

Еми Мартинес на Олд Трафорд?

Читај повеќе

Шокантна размена во НБА: Орландо ја донесе ѕвездата на Мемфис

Читај повеќе
  • play_arrow

Никола Јокиќ одмара во село со помалку од 100 жители

Читај повеќе

ФИФА во очај: Ни Меси не помага за продажба на влезници

Читај повеќе

Пеп ќе си замине ако нема чистка во Сити

Читај повеќе

Модриќ одби да помине медицински прегледи за Милан

Читај повеќе

Гатузо на чекор да стане селектор на Италија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неочекуван херој ѝ донесе победа за водство на Индијана

Читај повеќе