ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2019/20

Ракометниот ЛШ фајнлфор во Келн без гледачи

Завршниот турнир во ракометната Лига на шампиони, што треба да се одржи на 28 и 29 декември во Келн, ќе се игра без публика поради пандемијата на коронавирусот, соопштија денеска организаторите.

Сите четири екипи, како што е наведено, ќе бидат сместени во таканаречен „балон“ под посебни здравствени и санитарни протоколи.

Здравствениот протокол, што го донесе Европската ракометна федерација (ЕХФ) ќе овозможи одигрување на завршниот турнир, иако Германија од 16 декември воведува целосни рестрикции во земјата за да спречи ширење на коронавирус, кои ќе останат на сила до 10 јануари.

„Во контакт сме со сите партнери, како и со локалните здравствени власти, и ги следиме нивните препораки“, соопшти ЕХФ.

Ракометарите и целокупниот персонал на ПСЖ, Барселона, Кјелце и Веспрем двапати ќе бидат тестирани за COVID-19 пред пристигнувањето во Келн, а нова серија тестирање ќе биде извршена по нивното пристигнување на фајнлфорот.

Во „балонот“ ќе им биде забранет влез на сите кои евентуално ќе имаат позитивен тест.

Полуфиналните двојки ПСЖ - Барселона и Веспрем - Кјелце ќе се играат на 28 декември, додека финалето и натпреварот за третото место ќе бидат следниот ден.

За потсетување, овој фајнлфор е всушност од минатата прекината сезона 2019/20. Сезоната се прекина пред да се играат натпреварите од осминафиналето, па ЕХФ одлучи да се оди директно на фајнлфор во кој ќе учествуваат двете првопласирани екипи од двете групи.

реклама

Се гради највисоката кула во светот, ќе биде висока 1.000 метри

Read more

Неделен хороскоп од 25 септември до 1 октомври

Read more

Што се добива кога ќе завариш две Југо коли во една?

Read more

Експертите предупредуваат на „тивкиот убиец“ без симптоми

Read more

Ракомет

Папаниколау се расплака пред новинарите по елиминацијата на Грција

Read more

РК Еурофарм Пелистер ги објави цените за ЛШ: сезонските билети чинат од 5.500 до 6.500 денари

Read more

Борко Ристовски е нов извршен директор на РК Вардар 1961

Read more

Нов дебакл на младите ракометарки на ЕУРО, сега од Србија

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Џанг спектакуларно го нокаутира Џојс

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо во арапска носија изведе бедуински танц со меч

Читај повеќе

Mundo Deportivo: Модриќ наскоро ќе биде во тимот на Меси

Читај повеќе

Томас Милер има 100 победи во ЛШ

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо не доби пенал, па му се налути на судијата

Читај повеќе

Капело објасни зошто Јувентус има предност во трката за Скудетото

Читај повеќе

Дрес од МЗТ за градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс

Читај повеќе

И Интер добива сопственик од Блискиот Исток?

Читај повеќе

Хамилтон пред Јапонското ГП: Се надевам Ред Бул нема да биде 30 секунди пред сите

Читај повеќе