Ракот на дебело црево сè почест кај помлади луѓе, лекарите збунети

Смртоносен вид на рак е во пораст кај младите возрасни лица во Канада и САД, покажуваат новите податоци на Американското здружение за рак.

Стапките на заболени од рак на дебелото црево кај пациенти на возраст под 50 години се зголемија за два отсто помеѓу 2011 и 2019 година, но лекарите сè уште не ја знаат точната причина.

„Знаеме дека стапките на овој тип на рак се зголемуваат кај младите луѓе“, рече Ребека Сигал, водечки автор на новата студија за колоректален карцином од Американското здружение за рак.

Телото предупредува: 6 промени во варењето кои алармираат за рак на дебелото црево

Ситуацијата е алармантна

„Вознемирувачки е да се види колку брзо популација на болни од рак е помлада и помлада, и покрај намалувањето на бројот на заболени во целокупната популација“, продолжи Сигал.

„Трендот кон напредна болест кај луѓето од сите возрасти е исто така изненадувачки“, додаде истражувачот на Американското здружение за рак. Но, лекарите во Канада, исто така, забележале сличен тренд во порастот на ракот на дебелото црево кај Канаѓаните, според Лорен Пели од CBC News.

Комбинација на симптоми која е првиот знак за рак на дебелото црево

Зголемување на бројките кај двата пола

Студијата од 2019 година за стапките на колоректален карцином кај возрасните Канаѓани покажа дека болеста е во пораст и кај двата пола, при што стапката на дијагноза е малку повисока кај жените.

„Инциденцата на рак на дебелото црево кај помладите возрасни лица се зголеми од 2006 до 2015 година кај мажите со годишна процентуална промена од 3,47% и од 2010 до 2015 година кај жените со годишна процентуална промена од 4,45%,“ напишаа авторите на студијата. Во мај, Канадското здружение за рак очекуваше колоректалниот карцином да биде четвртиот најчесто дијагностициран рак меѓу Канаѓаните во 2022 година.

Втора водечка причина за смрт од рак кај мажите и трета кај жените

„Тоа е втора водечка причина за смрт од рак кај мажите и трета водечка причина за смрт од рак кај жените“, напиша Канадското здружение за рак на својата веб-страница.

Од 24.300 Канаѓани на кои им бил дијагностициран рак на дебелото црево во 2022 година, Канадското здружение за рак вели дека 9.400 ќе умрат од оваа болест. Она што е најзагрижувачки за сите овие нови податоци е тоа што лекарите се чини дека не знаат зошто стапките кај помладите возрасни се во пораст во Канада и САД.

Знаци за рак на дебелото црево на кои треба да внимавате

Што може да го влоши колоректалниот карцином?

Според Елизабет Холмс од Канадското здружение за рак, нездравата исхрана, недостатокот на физичка активност, како и пушењето и консумирањето алкохол, би можеле да бидат некои од причините зошто лекарите гледаат сè повеќе помлади луѓе со колоректален карцином. Одржувањето на добра општа здраавствена состојба е најдобриот начин да се избегне колоректален карцином, според Центрите за контрола и превенција на болести. Можете да го намалите ризикот со „зголемување на физичката активност, одржување здрава тежина, ограничување на потрошувачката на алкохол и избегнување на тутун“.

Тестирајте се рано

Раното откривање на колоректалниот карцином е исто така многу важно.

„Скринингот за колоректален карцином може да открие преканцерозни полипи за да може да се отстранат пред да се претворат во рак“, напиша Центарот за контрола и превенција на болести на својата веб-страница.

Проверка на столицата ќе ви помогне навреме да откриете рак на дебелото црево

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Здравје

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Читај повеќе
  • play_arrow

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Читај повеќе
  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе