Чек дис аут

Ракун се опил со греено вино на божикен панаѓур во Ерфурт

13. декември 2019 - 14:28 | МИА / Ф.З.

Ракун, понесен од празничната атмосфера по германските панаѓури, бил забележан како се прикрадува меѓу куќичките за закуска и го допива грееното вино.

Според полицијата, животното претерало со виното, оти било очигледно дека се тетерави и чудно се однесува на блиската железничка пруга. Тоа се случило во градот Ерфурт, престолнина на сојузната држава Турингија во централниот дел на Германија.

Ракунот, инаку, бил усмртен, оти видот се смета за грабливец којшто ги напаѓа околните птици и змии. Убиството на пијаниот ракун наиде на големи критики ширум интернет.

Пијаниот ракун бил собран од пожарникарите кои требало да го го пренесат во градското прифатилиште за животни. Но, животното никогаш не стигнало дотаму. Наместо тоа, било земено од градските ловци кои го усмртиле.

Ова не е прв случај на пијанство на животно во Ерфурт. Полицијата лани прибра два пијани ежа кои заседнале крај фрлено шише пунч.

Коментирај