Бизнис

Ралф Спет: Цените на електричните автомобили ќе бидат високи уште три до пет години

19. септември 2019 - 9:34 | М.С.

Првиот човек на Jaguar Land Rover смета дека моменталните цели на електричните автомобили се високи.

Ралф Спет во изјавата за медиумите рече дека настојуваат да станат конкурентни на пазарот со електричните автомобили, а тоа го прават со нивниот модел I-Pace.

За просечните резултати од продажбата на електричниот модел од Jaguar виновна е високата цена, но Спет призна дека тие нема да поевтинат ниту во наредните три до пет години.

„Електричните автомобили се иднината, но на нас и на другите производители им треба уште многу работа. Исто така треба да се вложува во развој на инфраструктурата за брзо полнење на батерии, која сè уште е неповолна, особено надвор од градската зона“, вели Спет.

Коментирај