Рама: Бугарија ја блокира Северна Македонија за свои интереси

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Бугарија го блокирала процесот на евроинтеграција на Северна Македонија за свои интереси.

Ваква оценка тој изнел гостувајќи во телевизиска емисија кога зборувал за очекувањата на меѓувладината конференција.

– Погледнете што се случува сега, во моментот кога нештата се готови, туп, излегува Бугарија и ја блокира Македонија таму. Зошто Бугарија ја блокира Македонија? А? Ја блокира за свои интереси. Ја блокира заради своја внатрешна динамика таму и ја држи Македонија во заложништво. И, сега, ќе видите што ќе се случи, друга држава, која не затоа што не ја сака Македонија или не нè сака нас, туку затоа што нивниот народ не го сака тоа проширување, другите не сакаат, изјавил Рама во интервју за телевизијата Vizion Plus, пренесуваат медиумите.

Но, Рама оди понатаму, велејќи дека доколку Швајцарија го имаше името Албанија или Северна Македонија и нејзе ли ќе ѝ беше кажано: „не можете да влезете побрзо“.

– Ако Швајцарија е именувана како Албанија или Северна Македонија и доколку сè што има Швајцарија донесе тука, сè, но вие сте Албанија и Северна Македонија, не можете да влезете побрзо, изјавил Рама.

Рама вели дека постои на мапа во врска со промената на границите на земјите од регионот на Западен Балкан. Тој изјавил дека мапата ја видел и претходно и оти му ја покажал неговиот словенечки колега Јанез Јанша.

– Разговарав со него одамна. Го видов и овој документ што излезе. Немам коментар, додал Рама.

реклама

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе