Рама им се заблагодари на лидерите во регионот за помошта на Албанија

Тирана, 1 декември 2019 (МИА) – Албанскиот премиер Еди Рама синоќа им се заблагодари на лидерите во регионот за помошта на Албанија во санирањето на последиците од силните земјотреси што ја погодија земјата.

На средба со странските амбасадори акредитирани во Албанија, Рама им се заблагодари на нивните земји за помошта за Албанија по земјотресот што ја погоди земјата на 26 ноември, јави Танјуг.

– Не можам да најдам зборови за да искажам колку ни значеше таа поддршка… Беше брилијантно како реагираа Вучиќ и Заев… да не ги спомнувам нашите браќа од Косово. Брилијантно, нагласи Рама.

Албанскиот премиер исто така се заблагодари и за пораките за поддршка од Унгарија и Романија, потсетувајќи дека романскиот тим за спасување дошол во Албанија самоиницијативно.

– Прекрасно е да се видат луѓе од цела Европа, кои никогаш не стапнале во Албанија, кои немаат никакво познавање од албанскиот јазик, како ни искуство во ризикување на сопствените животи за непознати луѓе, рече албанскиот премиер.

Рама, исто така, им се заблагодари на САД, другите европски земји, папата Франциск и Саудиска Арабија за нивната поддршка, истакнувајќи дека се извинува ако заборавил да спомне некого.

Операциите за пребарување и спасување за преживеани од земјотресот официјално заврши, затоа што се верува дека под урнатините нема повеќе тела.

Рама претходно соопшти дека 50 луѓе загинале во земјотресите, од кои најсилниот беше 6,4 степени според Рихтер.

Тој рече дека се повредени околу 2 илјади луѓе.

Албанскиот премиер информира дека според првичните проценки, околу 900 згради во Драч и повеќе од 1.465 во Тирана се сериозно оштетени.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Регион

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more

Вучиќ: Србија може да го напушти Советот на Европа откако беше примено Косово

Read more
 

Вести

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе