Рама: Коцкарниците се финансираат од организираниот криминал

Тирана,22 октомври 2018(МИА) – Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека коцкарниците се финансираат од организираниот криминал, додавајќи дека „преку нив се врши перење пари од криминалот“.

Според него, штетата е огромна не само за општеството, туку и за националната безбедност.

„Вистината е таа, дека во Албанија постои една друга компонента која треба да се разгледа, а тоа е активноста на коцарниците, кои во Албанија, во  голема мера се финансираат од организиран криминал, тоа е перење пари преку коцкање, и се експоненти на организиран криминал кои се затскриени или се директно вклучени во овие активности, во најголем дел, не можам да го кажам тоа за сите“, изјави Рама на средба во тиранската населба Лапрак, која е најпогодена од феноменот на коцкарници.

Рама нагласи дека коцкарниците претставуваат една индустрија која просечно годишно врти најмалку 700 милиони евра, кои како што рече, излегуваат од домовите на албанските граѓани, а завршуваат во џебовите на организираниот криминал.

„Нормално, постои загриженост за оние кои се вработени или за оние кои инвестирале. Но, колосалната штета е таа која нѐ принудува да се справиме со штетата што му се прави на  општеството, но исто така е и  закана за  националната безбедност. Тоа се пари со кои се финансираат медиуми, политички партии“, нагласи Рама.

Претходно шефот на албанската влада соопшти дека ќе бидат затворени сите казина, обложувалници и лотарии на главните улици во  градовите и тие ќе ги дислоцира надвор од населените места,бидејќи, како што рече „оваа појава не оди во прилог на народот и државата“.

Казината ќе бидат достапни само во хотели низ земјата со пет ѕвездички, кои се наоѓаат надвор од градовите.

Според Рама, по затворањето на обложувалниците, од 1 јануари следната година во земјата нема да има и никаков „онлајн монопол“.

реклама

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Читај повеќе

Јакимовски: Најголема шета ѝ се прави на Македонија ако не се излегува да се гласа

Читај повеќе

Одзивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9% повеќе во споредба со претходните претседателски избори

Читај повеќе

Одзивот до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку гласале во Центар Жупа

Читај повеќе

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Одзивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а најмалку во Врапчиште

Читај повеќе

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Читај повеќе

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Читај повеќе

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Читај повеќе