Рама: Косово и Албанија се едно и така ќе биде, а Вучиќ нека објавува мапи

Албанскиот премиер Еди Рама од северниот албански град Кукс изјави дека Косово и Албанија се едно, што за албанските медиуми е силен одговор до претседателот на Србија, Александар Вучиќ, јави дописничката на МИА од Тирана.

Рама од Кукс, каде почна вакцинацијата на косовските здравствени работници против COVID-19, со вакцини донација на неговата земја, порача: „нека тој пријател објавува мапи и нека си игра на Facebook, ние сме едно и така ќе продолжиме до крај“.

– Добредојдовте и искрено се чувствувам многу добро. Започнавме со 500. Нема да ве оставиме таму сами, бидејќи на крајот на краиштата ние сме едно. Фактот што вакцинацијата се одвива во Кукс е поради тоа што компаниите не дозволуваат да изнесеме вакцини надвор. Кукс припаѓа и на Албанија и на Косово. Нека тој пријател во Белград објавува мапи и си игра на Facebook, ние сме едно и така ќе продолжиме до крај. На здравје, изјави Рама.

На објавата на Вучиќ реагираше и опозицскиот лидер, демократот Љуљзим Баша, кој му порача на Вучиќ дека Косово е реалност од која нема враќање, додека, пак, поранешниот претседател и премиер Сали Бериша побара Албанија да го прогласи за „персона нон грата“.

Српскиот претседател Александар Вучиќ на Instagram објави фотографија на која мапата на Косово е покриена со српско знаме, а напиша и коментар дека Косово е „српски крст“.

Објавата на социјалната мрежа Вучиќ ја направи по повод годишнината од насилството во Косово, што се случи на 17 март 2004 година.

– Косово не е наше бреме, туку наш крст, и од крстот подобро се гледа воскреснувањето отколку од под него, напиша Вучиќ.

реклама

Кои се најголемите опасности од гледање порно филмови?

Read more

Како точно се пресметува возраста на кучињата во човечки години?

Read more

Што е поздраво - свинска маст или масло?

Read more

Кое е вашето идеално место за секс според хороскопот?

Read more

Регион

Бугарска министерка: Пожарот во македонскиот автобус е многу чуден, почнал многу брзо

Read more

Автобус изрешетан со „калашников“ во Косово, загинаа двајца тинејџери и возачот

Read more

Бугарски државјанин по грешка вклучен на листата повредени патници во Бугарија

Read more

Во Софија приведен маж за неприфатливи коментари на Facebook за автобуската несреќа

Read more
 

Вести

Укината забраната за сообраќај на камиони на Стража

Читај повеќе

Ковид бонус од 1.300 евра за работниците во германскиот јавен сектор

Читај повеќе

Зголемени водостоите на Охридското и на Преспанското Езеро

Читај повеќе

Шефот на Moderna: Постоечките вакцини не се одговор на омикрон

Читај повеќе

Австрија парично ќе ги казнува оние кои одбиваат вакцинација, им се заканува и затвор

Читај повеќе

Најстудено и најмногу снег во Лазарополе

Читај повеќе

Состојбата стабилна, засега нема потреба од нови мерки за новиот сој

Читај повеќе

Сопственикот на „Беса транс“: Во автобусот немаше запаливи материи, тубите беа со вода

Читај повеќе

Постудено со повремен дожд, снег и ветер

Читај повеќе