Рама: Никој не може да ѝ држи лекции на Албанија

Албанскиот премиер Еди Рама, чиј нов, трет по ред владин кабинет треба да биде изгласан денеска, при презентацијата на владината програма, задржувајќи се на иницијативата Отворен Балкан повторно ја критикуваше Приштина што не се приклучила на иницијативата.

Одлуката на Приштина ја оцени како избрзана, дека си игра со незнаење и ѝ порача да прифати и да стане дел од оваа иницијатива, бидејќи според него, корист имаат сите Албанци.

Според него, сагата за конфликтот Косово-Србија никогаш не се затвора со изолација, туку само со отворање, пристапување кон проблемот, дискусија.

– Отворен Балкан не е игра на Србија. Отворен Балкан не е руски или кинески заговор за заживување на Југославија. Тоа не е отстапување од интеграцијата. Сето ова се приказни на гугл, со непријател кого Косово, Албанија, конечно го победија како непријател во вистинската војна со топови и пушки, благодарение на САД и најголемите европски сојузници. Секому треба да биде јасно дека Отворен Балкан не е „српска игра“, туку „пород на Берлинскиот процес“, порача Рама.

Со остри тонови, Рама им одговори на критичарите на оваа иницијатива, кои го нарекуваат предавник, велејќи дека „на Албанија не може да ѝ се држат предавања и за нејзините суверени одлуки не може да се преговара никаде. Времето ќе покаже кој е во право“.

– Косовските власти треба да ја донесат одлуката, додека наше е само да ги почитуваме. Сепак, албанските власти одлучуваат за Албанија и тие мора да ги почитуваат нашите одлуки. Ако не ни се допаѓаат одлуките, треба да разговараме за нив, но никогаш да не ги прогласуваме за предавници, проруси и просрби, оние кои размислуваат поинаку, играјќи со незнаење. Отворениот Балкан е пород на Берлинскиот процес, посочи Рама.

Додаде дека доколку албанскиот народ не се претстави како народ посветен на мирот, тој е предодреден да загуби.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Регион

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Read more

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more
 

Вести

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе