Рама: Србите да се вратат во институциите, Косово веднаш да распише нови избори

Албанскиот премиер Еди Рама порача дека ставот на Тирана, како и на сите лидери на ЕУ и на САД, е дека моменталната ситуација на северот е неприфатлива и оти Србите треба да се вратат во институциите, а Косово треба да распише нови избори.

Рама во интервју за TV Klan подвлече дека ставот на албанската влада е јасен – оваа ситуација е опасна и непотребна.

На прашањето кој е одговорен, тој рече дека не е негово да ги најде одговорните.

„Во Молдавија беа присутни сите лидери на Европа и на некои други земји, а единствениот став на сите лидери на ЕУ е ист како оној на САД, дека оваа ситуација е неприфатлива и има две работи - Србите мора да се вратат во институциите, Косово мора веднаш да распише нови избори за да се реши ситуацијата“, објасни тој.

Рама објави дека на маргините на Самитот на Европската политичка заедница се сретнал со Албин Курти и Вјоса Османи, но дека не разговарале за ситуацијата на северот на Косово. Според него, тоа е прашање за кое треба да одлучат дали сакаат да разговараат со него или не.

На прашањето дали тоа значи дека нема комуникација меѓу Албанија и Косово на официјално ниво, Рама рече дека тоа не е така, туку дека се работи за одговорност и надлежност на премиерот на Косово, а до одреден степен претседателот.

„На нив е да одлучат дали сакаат да разговараат за тоа прашање или не. Не сум јас тој што ги води и им кажува како да ја завршат оваа работа. Ова е почит кон нив и кон институциите на Косово, според мене“, додаде тој. Посочи дека Косово се консултирало со Албанија кога сакало да се консултира.

„Кога не сакаат да се консултираат, целосно нивно право е да не се консултираат. Тој не побара да разговара со мене или со нас во Владата и има право да не разговара. Но, ние не сме рамнодушни“, рече тој.

реклама

Едно овошје е број еден за намалување на крвниот притисок

Read more

Решението за лошиот здив од лукот стои во фрижидерот

Read more

Зошто археолозите стравуваат да ја отворат гробницата на првиот кинески император?

Read more

Апасиев: Убиецот на Ибе Паликуќа сега има улица во Скопје

Read more

Регион

Во Загреб пристигнаа налози за апсење, Грците бараат екстрадиција на уште десет навивачи

Read more

Косово врие од лажни евро монети – уапсени и лица од Македонија

Read more

Фрлени бомби врз три куќи на српски политичари во Косово

Read more

Бугарија јавно ќе ги објавува имињата на сите македонски граѓани што извадиле бугарски пасоши

Read more
 

Вести

  • filter

Чекална во Центар

Читај повеќе

Во Загреб пристигнаа налози за апсење, Грците бараат екстрадиција на уште десет навивачи

Читај повеќе

Државата им ги одзема децата на мафијашите во Италија

Читај повеќе

Полскиот премиер до Зеленски: Не ги навредувај Полјаците

Читај повеќе

Сончево време со температура до 35°C

Читај повеќе

Косово врие од лажни евро монети – уапсени и лица од Македонија

Читај повеќе

Георгиевски до Груевски: Сè што ми направи мене, сега ти го прават тебе

Читај повеќе

Бислимоски: Ако не се постави цевководот на мостот Беласица, ќе имаме ценовно цунами со парното греење

Читај повеќе

Фрлени бомби врз три куќи на српски политичари во Косово

Читај повеќе