Чек дис аут

Рамбо за почетници: Сѐ што не сте знаеле за култниот херој

16. септември 2019 - 13:02 | Ф.З.

Легендарниот Џон Рамбо се враќа на големите екрани на крајот од месецов, а дотогаш ова видео ќе ве потсети што се случуваше во претходните делови.

Силвестер Сталоне повторно ќе биде Рамбо во новиот филм Rambo: Last Blood каде ќе се бори против мексикански нарко-картел.

Официјалниот Instagram профил на Сталоне објави видео рекапитулација на претходните четири дела. Цртан филм, играчки, видео игра и сликовница ќе ви раскажат и ќе ве потсетат што се случуваше досега.

Коментирај