Чек дис аут

Рамноземјашите ќе одат на Антарктикот за го најдат работ на Земјата

20. март 2019 - 17:53 | К.З.

Луѓето кои веруваат во теоријата за Рамна Земја успеаја да направат цел култ околу тоа верување, па во последните неколку години организираат конвенции, одржуваат состаноци и разговараат за начини на кои ќе убедат повеќе луѓе дека Земјата е навистина рамна плоча. Нивната најнова идеја е да го посетат Антарктикот и да го откријат работ на Земјата.

„Не веруваме дека нешто може да падне од работ на Земјата, бидејќи ние се наоѓаме во некој облик на полутопка, а ѕвездите, Сонцето и Месечината се внатре во таа полутопка заедно со нас. Тие се многу високо, но се внатре заедно со нас. Така што, не постои шанса дека нешто може да падне од планетата“, рече Роби Дејвидсон, еден од организаторите на експедицијата.

Планот на „рамноземјашите“ е да дојдат до крајот на Антарктикот и на тој начин да докажат дека постои раб на Земјата, односно крај на светот. Според нивните тврдења, Џејмс Кук во 1773 година стигнал до големиот леден ѕид на Антарктикот и не можел да најде пат околу него.

Капетанот Џејмс Кук пловел со денови и поминал повеќе од 96.000 километри барајќи дупка во ѕидот низ која би поминал на другата страна, но не успеал да најде, тврдат рамноземјашите. Токму поради оваа експедиција и оние слични на неа, тие веруваат дека не постои ништо на другата страна на ѕидот и дека тука се наоѓа работ на Земјата.

Не е откриен точниот датум кога ќе започне експедицијата, но многумина со нетрпение ги очекуваат резултатите, бидејќи тие ќе отворат нова дебата помеѓу научниците и рамноземјашите околу тоа кој од двата табори е во право.

Коментирај