Рамсторе Македонија наградена со две награди за општествена одговорнoст

За најдобра национална општествено одговорна практика во категоријата - односи спрема пазарот кај големите компании, прогласена е компанијата Рамсторе Македонија со проектот  “ISO 22000:2005 Систем за управување со безбедност на храна”.

Рамсторе е  добитник на плакета  за успешно спроведена општествено одговорна практика во категоријата односи кон вработените со проектот “Дуќанот е Наш “. На десетата јубилејна манифестација организирана од страна на Министерството за Економија на Р. Македонија и Координативното тело за Општествена одговороност на претпријатијата, Рамсторе беше претставувана од Генералниот Директор Г-дин Ајхан Узун кој ги прими наградите.

На денешната прес-конференција се обрати и раководителот на секторот за корпоративни комуникации Елиф Исмаил Шериф која  во своето обраќање пред медиумите изјави:

„Со свoeто 12-годишно постоење на пазарот и во насокa на визијата за одржливост, Рамсторе кој е силно приврзан за своите потрошувачи прави конкретни чекори во областа на општествената  одговорност. Спроведуваме бројни проекти за подигнување на свеста за социјалната одговорност, со цел да оставиме поздрава средина на идните генерации, воедно залагјќи се за продуктивно и штедливо користење на ресурсите. Нашите вработени ги насочуваме кон принципот на одговорност кон луѓето, природата и идните генерации. Спроведуваме разни проекти во соработка со здруженија, фондации и невладини организации, а во кои учествуваат добавувачите, потрошувачите и вработените. Во фокусот на активностите за општествена одговорност се прашањата од социјална потреба како образование,култура-уметоност, спорт и здрав живот кои за Рамсторе претставуваат инвестиција за подобра иднина.“

Главниот принцип во работењето на  Рамсторе Македонија е создавање разлика во малопродажниот сектор во Македонија каде компанијата е лидер со своите иновативни пракси, услуги кои ги надминуваат очекувањата на потрошувачите, обезбедување на постојан раст, посветено придржување кон законодавството и регулативите како и до правилата за корпоративно управување.

*Промотивен текст

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Бизнис

Паднаа акциите на Netflix

Read more

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Read more

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Read more

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе