Рани симптоми кои укажуваат на можност за мултиплекс склероза

Мултиплекс склероза е автоимуна болест на централниот нервен систем, која може да влијае на големиот и малиот мозок, како и на мозочното стебло и 'рбетниот мозок.

Може да се појави на која било возраст, но најризичната група на луѓе е помеѓу 18 и 50 години. Причината за нејзиното појавување сѐ уште е непозната, но неодамнешните истражувања укажуваат дека е предизвикана од дејство на различни фактори, но како можност се јавува и генетска предиспозиција.

Оваа состојба обично се поврзува со тремор и мускулни грчеви, но има и други симптоми што може да укажуваат на можноста за мултиплекс склероза. Според здравствената организација Patient UK, повеќето луѓе доживуваат неколку симптоми, кои може да се појават во секое време, па дури и може да се разликуваат. Доколку ги забележите, посетете лекар.

Еден од симптомите е проблем со видот. Тоа е затоа што мултиплекс склерозата може да го оштети оптичкиот нерв. Може да предизвика болка или губење на видот и обично го зафаќа едното око. Можен е и заматен вид.

Еден од ретките симптоми што потешко се препознаваат е проблемот со мокрењето. Ако често одите во тоалет и мокрењето ви е слабо и прекинато, тоа е знак дека мочниот меур не ви се празни целосно.

Тешкотиите во говорот се еден од знаците што укажуваат на мултиплекс склероза. Според MS Society, можеби имате некои проблеми со меморијата или размислувањето. Дополнително, внимавајте на симптомите како што се грчеви и болки во мускулите, вкочанетост и пецкање и екстремен замор или слабост.

реклама

Што треба да правите секој ден за да го стопите салото на стомакот?

Read more

Бектеши објави кои маркети се затворени оти не ги намалиле цените

Read more

Полски свештеници правеле оргија со жиголо, му се слошило, не му помогнале веднаш

Read more

Пијалаци што не треба да ги пиете ако имате висок крвен притисок

Read more

Здравје

Koja е најдобрата положба за спиење кога имате настинка или грип?

Read more

Три типови на рак што најтешко се дијагностицираат

Read more

Пијалаци што не треба да ги пиете ако имате висок крвен притисок

Read more

12 причини за лош здив - можe да укажуваат на сериозен здравствен проблем

Read more
 

Магазин

Полжавчиња со афион и цимет - одлични се со шолја кафе, чај или млеко

Читај повеќе
  • play_arrow

Силна бура создаде застрашувачка глетка на небото во Оклахома - како да пукнала нуклеарна бомба

Читај повеќе

Примала плата од 16 фирми, а не работела ниту еден ден: Филмската приказна ќе заврши на суд во Кина

Читај повеќе

10 прашања што откриваат каков е навистина вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто велосипедот треба да стане вашето редовно превозно средство?

Читај повеќе
  • play_arrow

92-годишен дедо нокаутираше двајца насилници среде улица

Читај повеќе

Koja е најдобрата положба за спиење кога имате настинка или грип?

Читај повеќе
  • play_arrow

Земи си мачка, да ти биде забавно дома

Читај повеќе
  • play_arrow

Корејски специјалитет: Месо потпечено со павлака и јајца

Читај повеќе