Рани симптоми за појава на срцев удар

Симптомите се појавуваат подеднакво и кај двата пола, поради тоа се советува да ги следите сигналите кои ви ги испраќа вашето тело, препознајте ги на време и обратете му се на вашиот доктор за преглед и превенција.

Болка која се шири кон раката

Многу мажи чувствуваат болки во левата рака, додека кај жените болката се јавува во двете раце. Некои жени истакнаа дека чувствувале болка во лактите пред да добијат срцев удар. Ова се случува, бидејќи болката од вашето срце патува во ‘рбетниот мозок, каде се поврзани многу нерви на нашето тело, а мозокот е збунет и мисли дека болката доаѓа од рацете, што не е случај.

Константна кашлица

Кашлицата може да предизвика различни проблеми, но исто така може да биде знак за кардиоваскуларни заболувања. Константна кашлица која произведува розова течност која содржи крв, е многу честа појава при застој на работата на срцето.

Отечени нозе и стапала

Кога вашето срце не работи како што треба, течноста од вашите крвни садови протекува во околните ткива, а вашите нозе најчесто страдаат во таа ситуација, едноставно поради гравитацијата. Тоа се нарекува периферен едем и го имаат многу луѓе кои и немаат проблеми со срцето. Меѓутоа, тоа е многу вообичаен симптом кај пациентите со срцеви болести и би требало да му посветите внимание.

Недостаток на апетит и мачнина

Многу пациенти кои страдаат од болести на срцето, имаат недостаток на апетит и чувство на мачнина, дури и кога ќе изедат само неколку залчиња. Причината за тоа лежи во собирањето на течности околу црниот дроб и цревата, кои го попречуваат варењето. Овие симптоми обично се проследени со болка во стомакот, и доколку сите овие симптоми ги чувствувате заедно, потребно е да го посетите својот доктор.

Губење на свест

Губењето на свест е многу честа појава кај луѓето кои имаат проблеми со срцето. Кога срцето не пумпа доволно крв, причината лежи во тоа што протокот на крвта е блокиран од затворените артерии. Ако не можете да дишите правилно или се онесвестувате за кратко време, веднаш повикајте доктор и проверете си го срцето.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Здравје

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Која храна ги подобрува концентрацијата и расположението?

Read more

Најдобрите здравствени придобивки од пиењето кафе без кофеин

Read more
 

Магазин

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Читај повеќе

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Читај повеќе