Раниери им се нуди за селектор на Италијанците

Тренерот на Нант Клаудио Раниери ги понуди своите услуги и јавно се препорача како решение за празното место на клупата на репрезентацијата на Италија.

Искусниот 66-годишен Италијанец, роден во Рим, сака да седне на клупата на „Азурите“ после дебалкот и неиграњето на Мундијалот во Русија по цели шест децении, поради што Џанпјеро Вентура доби отказ.

„Моментално сум тренер на Нант. Да се биде селектор на својата земја е нешто единствено и прекрасно. Би ми била голема чест, но тоа е прашање за претседателот на Нант, не за мене. Што би направил во репрезентацијата? Би ја подмладил, би биле подготвени за Европското првенство. Имаме многу млади, талентирани играчи, како што на пример е Инсиње“, изјави Клаудио Раниери.

Раниери се наоѓа во подолгиот список на кандидати за селектор на националниот тим, покрај Карло Анџелоти и Манчини.

Пред само година и половина Раниери го предводеше Лестер до сензационалното освојување на титулата првак во Англија.

Искусниот фудбалски експерт покрај тој огромен успех зад себе има долга кариера во која беше ангажиран во Наполи, Фиорентина, Валенсија, Атлетико Мадрид, Челзи, Јувентус, Рома, Интер, Монако и репрезентацијата на Грција.

Сигурно дека Раниери би можел да биде решение за Италијанците, земајќи го во предвид неговото искуство, но и неговата подготвеност, па останува да видиме што ќе одлучи Сојузот, кој прво ќе мора да добие нов претседател после оставката на Карло Тавекио.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Фудбал

Ел Класико се сели во САД

Read more

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Read more

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more

Јирген Клоп: Извинете

Read more
 

Спорт

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе