Раниери за отказот: Не сум доживеал ништо слично

Поранешниот менаџер на Лестер Клаудио Раниери (65) ја даде првата изјава по отказот кој му го врачи клубот. Раниери, кој со Лестер ја освои Премиер лигата и приреди една од најголемите сензации во историјата на модерниот фудбал, не го криел разочарувањето од начинот на кој заминал од клупата на „лисиците“.

„Кога размислувам за Лестер прво што ми поминува низ главата е изненадување, многу повеќе него огорченост. Многу пати во кариерата ми се случувале вакви работи, но никогаш не сум доживеал нешто слично на ова. Тоа беше шок, но тоа е дел од фудбалот“, изјавил Раниери кој беше гостин на Регионалната Асоцијација на италијанските фудбалски тренери.

На прашањето што мисли за подемот на формата на фудбалерите на Лестер, која дојде веднаш по неговото заминување, тој не сакал да одговори.

„Англискиот Sky Sports ме покани да коментирам натпревар на 10 април, и дотогаш нема да давам изјави на оваа тема. Ова започна во Англија и сметам дека таму треба и да остане“, дополнил искусниот тренер.

За потсетување, фудбалерите на Лестер по заминувањето на Раниери забележаа три победи во низа и ја елиминираа Севилја во осминафиналето во Лигата на шампионите.

реклама

Фудбал

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе