Раното гласање во Тексас ја надмина излезноста на изборите во 2016 година

МИА/КАЈГАНА
/ 30.10.2020 / 19:22

Во Тексас, правото на рано гласање или гласање преку пошта на претседателските избори во САД досега го оствариле нешто повеќе од девет милиони избирачи, или повеќе од излезноста на изборите во 2016 година, кога вкупно гласале нешто помалку од девет милиони луѓе.

Победата во Тексас обезбедува 38 гласови на електорите од изборниот колеџ. За победа на изборите, еден од претседателските кандидати, демократот Џо Бајден или републиканецот Доналд Трамп, треба да собере 270 гласови од електорите.

Во борбата меѓу нив анкетите укажуваат на водство на Бајден, со оглед на променетата демографска слика во државата, соопшти порталот Аксиос. Победата на еден демократ во Тексас, каде сеуште се гласа, до 3 ноември, а тоа значи многу висок одзив, би било удар за Трамп и републиканците, бидејќи во сојузната држава нема победено ниту еден демократ уште од 1976 година.

За да се осигура победата, денеска во Тексас на митинзи оди Камала Харис, демократскиот кандидат за потпретседател на САД, додека тексашките демократи повикуваат на максимално трошење за кампања и реклами за да се обезбеди таа победа.

После Хаваи, Тексас е втората држава каде правото на рано гласање или гласање преку пошта досега го оствариле повеќе избирачи отколку вкупнниот број на излезени гласачи на изборите во 2016 година.

Remote video URL
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе