Алија Насроја има 27 години, родена е во Русија, а живее во Латвија. Тоа што е специфично кај неа е неверојатно долгата коса за која девојката посветува големо внимание.
За да ја измие потребни ѝ се 20 минути, а минува еден час дневно во чешлање, додека за сушење на косата ѝ е потребен цел ден, пишува Huffington Post.
Последните 20 години Алија ги минала во растење на косата, по углед на нејзиниот омилен лик од бајките, Рапанзел. Сопругот Иван Балабан е горд на нејзината коса, долга 2 метри и 30 сантиметри, а тежи повеќе од 2 килограми.