Раперот 50 Cent удри бокс на обожавателка во публика
Раперот Кертис Џексон, познат како 50 Cent настапувал во клубот Локс во Балтимор кога почнал да се поздравува со обожавателите во публиката.
Една обожавателка агресивно го повлекла кон себе, при што Џексон изгубил рамнотежа и паднал кон неа, притоа забивајќи ѝ бокс.
За да биде случката уште побизарна, потоа ја повикал на сцена.