Раперот Поп Смоук убиен на 20 години, светските музичари му оддаваат почит

Раперот Поп Смоук бил убиен при упад во куќа во Холивуд Хилс, Калифорнија, соопштија локалните и федералните служби за безбедност.

20-годишниот рапер, чие вистинско име е Башар Барака Џексон, само што ја лансираше неговата кариера и стекна голема популарност со неговиот деби микстејп „Meet the Woo“ што беше објавен минатата недела.

Полицајци одговориле на повик во раните утрински часови од човек кој пријавил дека „вооружени лица упаднале во домот на неговиот пријател“, изјави полицискиот капетан Стив Лури.

Внатре нашле застрелан маж кој веднаш бил префрлен во медицинскиот центар Седарс-Синај во Лос Анџелес, каде лекарите констатирале смрт неколку часа подоцна. Не е познато чија е куќата во која бил убиен раперот.

Неколку луѓе биле повикани на испрашување во врска со инцидентот и потоа биле пуштени на слобода. Уште нема приведени или уапсени, а полицијата продолжува со истрагата. Човекот кој се јавил во полиција бил во контакт со лице кое било во куќата каде се случило пукањето. Упадот го извршила група од најмногу шест лица, а едниот од напаѓачите носел маска, изјавиле очевидци.

Адвокатот на раперот, Питер Френкел, во мејл до CNN вели дека „семејството не е подготвено да го коментира настанот“.

Ѕвездите емотивно се збогуваат од младиот рапер

Поп Смоук беше дел од рап сцената во Бруклин и само што ја почна кариерата. „Welcome to the Party“, најпопуларната песна од неговиот деби микстејп, има повеќе од 24 милиони прегледи на YouTube и доби ремикси од хипхоп ѕвезди како Ники Минаж и Мик Мил.

„Знаев дека станува голема работата кога си го видов ликот на билборд“, изјави Поп Смоук во интервју за списанието i-D magazine во декември кое беше објавено со наслов „ Дали Поп Смоук е новиот крал на Њујорк?“, давајќи му титула што обично била резервирана за имиња како Нас, Џеј-Зи и Ноториус Б.И.Г.

Музичари кои соработувале со него и ја почитувале неговата музика веќе почнаа да се збогуваат преку социјалните мрежи, а според нивните пораки, се алудира дека убиството најверојатно било предизвикано од љубомора за неговиот успех.

„Библијата ни кажува дека љубомората е сурова како гробот“, напиша Минаж покрај објавената фотографија од раперот и додаде: „Не ми се верува. Почивај во мир, Поп“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

The Bible tells us that jealousy is as cruel as the grave. Unbelievable. Rest In Peace, Pop.

A post shared by Barbie (@nickiminaj) on

Музичката куќа за која потпиша раперот, Republic Records, исто така сподели сочувство преку социјалните мрежи.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Музика

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Read more

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Read more

Тејлор Свифт за прв пат на листата на милијардери на Forbes

Read more

Северина за настапот во Скопје: Ваков концерт не очекував

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Читај повеќе

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе