Живот
Има ограничено време со децата

Расел Кроу: Поради синовите нема да ме видите на доделувањето награди

22. јануари 2020 - 14:30 | Б.С.Б.

Познатиот актер Расел Кроу за австралиската радиоемисија „Fitzy & Wippa“ откри каков му е животот по разводот, признавајќи дека донел одлука да не се појавува на доделувањето награди во Холивуд бидејќи сака да мине повеќе време со децата.

Откако се разведе во 2018 година, по 15 години брак со австралиската пејачка Даниела Спенсер, актерот не ги гледа често неговите два сина.

„Во овој период од годината ми е тешко да бидам присутен на доделувањето награди. Како што знаете, јас сум разведен човек и исто како многу татковци во светот, имам одредено време кое можам да го минам со децата. Немам можност да бидам со нив секој ден, а секоја година од 27 јануари до 15 февруари децата се со мене. Затоа, ако сте очекувале да ме видите некаде или мислите дека тогаш работам, се лажете. Доколку моите деца не се вклучени тоа време, заборавете“, вели Кроу.

Парот се раздели во октомври 2012 година, а актерот преку Twitter објави дека разводот е финализиран по 6 години долга борба, во април 2018 година.

Децата денес имаат 13 и 16 години.

Коментирај