Рашела Мизрахи пријавила дека ја следат и фотографираат непознати луѓе

Поранешната министерка за труд и социјална политика во техничката влада Рашела Мизрахи, синоќа во 23 часот и 40 минути во полициска станица воСкопје пријавила дека во неколку наврати била следена од непознати лица.

Според нејзиниот исказ, на 03.06.2020 околу 18.00 часот пред училиште во населбата Синѓелиќ, додека била на состанок на политичка партија, возило „голф“, со кумановски регистарски таблички, во повеќе наврати кружело околу местото.

Истиот ден, околу 19:00 часот, на друг состанок во Хиподром клуб, две непознати лица ја фотографирале со телефони и побегнале, а потоа во 20:30 часот пријавителката се упатила кон својот дом на ул.„Орце Николов“ и кога излегла од возилото пред влезот на зградата ја дочекало непознато лице ја фотографирало и веднаш побегнало.

Според пријавителката, и на 01.06.2020 околу 19:20 часот на крстосницата на бул.„Илинден“ со ул.„Никола Тесла“ од патничко возило „ауди“ излегол сопатникот, се упатил кон нејзиното возило, упатувајќи ѝ закани.

Исто така, пријавителката навела дека и претходните месеци во неколку наврати била следена од возила (црн џип и голф), а пак, во периодот јануари/февруари годинава, во неколку наврати непознати лица во доцните ноќни часови помеѓу 00:00-03:00 часот ѕвонеле и тропале на вратата од нејзиниот стан.

Во целиот овој период, стои во соопштението од МВР, пријавителката навела дека во повеќе наврати добивала пораки на Facebook со заканувачка и навредлива содржина, кои дополнително ќе ги приложела.

реклама

Во карантин македонски државјани кои дошле од Авганистан, дел од нив позитивни на COVID-19

Read more

Порнографски видеа и фотографии со девојки и жени од Гевгелија препраќани на социјалните мрежи

Read more

Автомобил удри и тешко повреди петгодишно дете

Read more

Српски туристи избркани од грчкиот остров Евија

Read more

Хроника

Автомобил удри и тешко повреди петгодишно дете

Read more

Скопјанец се удави во езерото Младост во Велес

Read more

22-годишен мигрант најден починат во Куманово

Read more

Кривична пријава против кумановец за семејно насилство

Read more

Вести

Завршува изборната кампања, од полноќ почнува изборниот молк

Читај повеќе

Потврдени 136 нови случаи, 6 лица починаа од COVID-19

Читај повеќе

Лукаревска: Покажавме одговорност, ги вративме слободата и европскиот пат

Читај повеќе

Мисајловски од Куманово: Обнова насекаде и за сите

Читај повеќе

Ѓукановиќ: Односите со Белград не се добри

Читај повеќе

Трамп првпат се појави во јавност со заштитна маска

Читај повеќе

Во Мексико повеќе од 6.000 новозаразени со коронавирус

Читај повеќе

Утре без струја делови од Скопје

Читај повеќе

Мицковски до граѓаните: Вашиот глас ги менува работите

Читај повеќе