Лондон, 25 август 2019 (МИА) – По натпреварот од третото коло на шампионатот на Англија со Кристал Палас (1:2), напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд беше изложен на расни навреди. На овој дуел Рашфорд не реализира пенал.
На Twitter се појавија коментари со навредливи зборови поврзани со расизам на сметка на фудбалерот.
Претходно исто се случи со Пол Погба, кој исто така не реализираше пенал на средбата со Вулверхемптон (1:1).
Раководството на Twitter вети дека одблизу ќе ги следи профилите на играчите со темна боја на кожата со цел да се спречат случаи на расизам.