Една од гитарите што починатиот фронтмен на „Nirvana“, Курт Кобејн, ја искрши на сцена се продаде на аукција за речиси 600.000 долари.

Станува збор за скршен црн Fender Stratocaster кој се очекуваше да се продаде за десетина од својата конечна цена на саботната аукција во Hard Rock Cafe во Њујорк.
Гитарата беше уништена додека „Nirvana“ работеше на нивниот албум „Nevermind“ во раните 90-ти. Повторно е составена, но повеќе не може да неа да се свири.
Инструментот со сребрен маркер го потпишаа сите тројца членови на бендот. На гитарата има и натпис од Кобејн за неговиот пријател и музички соработник Марк Ланеган, кој почина минатата година. Кобејн, кој често погрешно го пишуваше своето име, се потпиша на инструментот како Kurdt Kobain.
Овој голем гранџ музичар, кој важи за пионер на тој жанр, си го одзеде животот во 1994 година, а беше познат по интензивните настапи. Беше лут и тоа можеше да се почувствува и види на сцената низ многуте искршени Fender гитари.
Пред две години, акустичната гитара што Кобејн ја користеше за неговиот легендарен настап на MTV Unplugged кон крајот на 1993 година беше продадена за 6 милиони долари.