Филм & ТВ

Раскинувањето ѝ годи: Ирина Шајк изгледа одлично без Бредли Купер

25. јуни 2019 - 18:09 | А.С.

Изминативе неколку недели американските медиуми будно го следат секое движење на руската убавица Ирина Шајк во јавноста. 

Откако се рашири веста дека ја раскина врската со холивудскиот актер Бредли Купер, со кого има ќерка, Шајк стана уште поинтересна славна личност за следење.

33-годишниот руски модел неколку пати е видена во јавност по раскинувањето и се чини дека животот без Купер ѝ годи – изгледа одлично и насмеана е.

Вчера се прошета со мајка ѝ Олга Шајклисламова низ Њујорк и направи мал шопинг, облечена во винтиџ фармерки, маичка со гол стомак и Док Мартинс чизми, заокружувајќи го изгледот во стилот на 90-тите со црни правоаголни очила за сонце и кожена шапка.

Шајк и Купер ја раскинаа врската по четири години поминати заедно. Извор близок до руската убавица вели дека раскинувањето „вооопшто не било изненадување“ за нејзините блиски пријатели.

„Веќе некое време не се сложуваа и се чини дека се обидуваа да останат заедно само поради ќерката“, вели изворот за ET.

„Нивните најблиски се надеваа дека откако Бредли ќе заврши со промотивните ангажмани за филмот ‘A Star is Born’, ќе имаат време да работат на проблемите, но работите само дополнително се влошија.“

Коментирај