Расонува, но и протерува: Зошто кафето нѐ тера да одиме во тоалет?

Овој магичен црн пијалак им годи на непцата, во умерени количини е одличен за здравјето, нѐ расонува и - нѐ тера да одиме во тоалет. Познато е дека кафето е благ диуретик (предизвикува зголемена екскреција на урина), но делува и како лаксатив, односно ја забрзува столицата. Но, дали некогаш сте се запрашале зошто кафето протерува?

Лаксативните својства на кафето се благодарение на кофеинот кој ги стимулира мускулните контракции во дебелото црево, а овие контракции се слични на оние што се јавуваат во цревата после оброк. Чаша кафе може да содржи помеѓу 80 и 175 милиграми кофеин, додека истата количина Coca-Cola содржи само 34 милиграми од овој стимуланс, што објаснува зошто газираниот пијалок нема исти лаксативни својства како кафето.

Покрај самите зрна кафе, и засладувачите, како и млечните и немлечните додатоци за кафе може да го стимулираат варењето на храната. Вештачките засладувачи во кафето, исто така, можат да предизвикаат надуеност, гасови и дијареа. Млечните додатоци како млеко, павлака и шлаг содржат лактоза, шеќер кој исто така може да предизвика дијареа и други гастроинтестинални проблеми кај луѓе нетолерантни на лактоза, но и кај луѓе кои инаку не се чувствителни на млечен шеќер. Ова се случува затоа што способноста за варење на лактоза се намалува со возраста.

Затоа, поради правилно и здраво варење, не се препорачува да се консумираат повеќе од две шолји кафе на ден.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Здравје

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Куркума, бибер и ѓумбир - комбинација од зачини полна здравје

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more
 

Магазин

Венеција почнува да наплаќа за влез – казни за оние кои ќе се прават „наудрени“

Читај повеќе

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Читај повеќе

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Читај повеќе

Три фрази што ги користат луѓето кои имаат силна ментална отпорност

Читај повеќе

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Читај повеќе
  • play_arrow

Ја нарекуваат девојката со најубави очи: Се прослави благодарение на фотограф

Читај повеќе
  • play_arrow

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Читај повеќе
  • filter

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Читај повеќе
  • play_arrow

Ловечки шницли на руски начин

Читај повеќе