Raspberry Pi 4 е суперевтин компјутер со големина на јаболко

Малите, паметни уреди кои се појавуваат на секој чекор во последните неколку години најчесто доаѓаат со мал Raspberry Pi компјутер вметнат во нив, а од вчера тој доби и ажурирана четврта верзија, која го претвори овој уред во вистински моќен домашен компјутер, со екстра мали димензии и исклучително ниска цена.

Четвртата генерација на Raspberry Pi доаѓа со значителни подобрувања, со кои слободно може да биде искористен не само како матична плоча за домашните и „експериментални“ проекти, туку конечно може да се користи и како самостоен компјутер на кој може да се извршуваат огромен број операции.

Сепак, тоа не значи дека треба да се премислите околу купувањето на моќен лаптоп на кој ќе користите Photoshop, ќе монтирате видеа или пак ќе гејмате. Raspberry Pi 4 ви носи прилично солидни, но скромни можности, соодветни со неговата цена од само 35 американски долари.

Овој миникомпјутер поседува процесор Broadcom 1,5 GHz ARM Cortex-A72 quad-core, со опцијата да направи чекор погоре од 1GB RAM на побрз LPDDR4 RAM со 2GB за само 45 долари, или пак на 4GB за 55 долари. Со овие подобрувања можете да го направите Raspberry Pi 4 идеален компјутер за сурфање на интернет и оперирање на некои основни алатки со помали побарувања.

Raspberry Pi 4 доаѓа во иста форма како и неговите претходници, но има побрз Ethernet, Wi-Fi, два Micro HDMI и два USB 3 отвори. Преку малите HDMI отвори можете да приклучите до два 4К дисплеји, кои ќе прикажуваат слика од 30 рамки во секунда, додека идеално би било да приклучите еден, при што ќе се прикажува слика од 60 рамки во секунда.

Покрај сите горенаведени спецификации, овој компјутер поддржува и Bluetooth 5.0 и на него може да биде инсталиран оперативен систем Windows 10, кој на него ќе работи исто како на компјутерите со послаби спецификации.

Цената, како што напоменавме погоре, варира помеѓу 35, 45 и 55 долари, во зависност од пакетот на опрема со кој го добивате Raspberry Pi 4.

реклама

Мурињо го одржа зборот: Се сликаше со македонскиот новинар

Read more

Кејот на Вардар имал калдрма...

Read more

Што ќе се случи во вашиот организам ако редовно користите куркума?

Read more

Цицлест четврток

Read more

Хардвер

Apple ги претстави новиот iPad Air и паметниот часовник Apple Watch 6

Read more

Познат датумот кога Sony ќе ја претстави конзолата PlayStation 5

Read more

Новите паметни часовници на Fitbit го мерат нивото на стрес

Read more

Konami започна со производство на гејмерски компјутери

Read more

Гик

  • filter

Samsung го претстави новиот Galaxy S20 Fan Edition

Читај повеќе
  • play_arrow

НАСА компонираше ѕвездена симфонија

Читај повеќе
  • play_arrow

Успешно деби на роботот-чистач во Лондон

Читај повеќе
  • play_arrow

10 видеоигри кои го извлекуваат најлошото од нас

Читај повеќе

Откриен нов рекорд на најниски температури во северната хемисфера

Читај повеќе
  • filter

Nokia претстави два нови смартфони со одлични перформанси

Читај повеќе
  • filter

Apple ја отвори првата продавница што плови на вода

Читај повеќе

Јапонската компанија Fujifilm има лек со кој се крати лекувањето од COVID-19

Читај повеќе
  • play_arrow

Што би се случило доколку Сонцето би било помало од Земјата?

Читај повеќе