Распишан книжевниот конкурс Рукописи 45

Александра Спасеска
/ 17.01.2022 / 11:43

Домот на млади од Панчево го распишува 45-иот конкурс за Зборникот поезија и кратка проза од млади автори од просторите на поранешна Југославија – „Рукописи 45“.

Право на учество имаат автори помеѓу 15 и 30 години, кои пишуваат на екс-југословенските јазици и на јазиците на националните малцинства во Република Србија. Конкурсот ќе биде отворен до 20 февруари 2022 година.

На конкурсот може да се учествува со поезија и/или кратка проза. Треба да се испратат: до 3 песни и/или раскази: песните не подолги од 2, а расказите не подолги од 3 чукани страници (значи, до 7000 карактери, големина на фонтот 12), потпишани со полно име и презиме, година на раѓање, адреса на живеење (државјанство ако авторот живее во странство), број на телефон и мејл.

Организаторите ги замолуваат авторите нивните лични податоци да ги внесат и во „телото“ на мејлот и на почетокот на фајлот со текстовите, исто така песните/расказите да бидат во еден Word документ, да не се испраќаат компресирано (ZIP, RAR итн.) и без екстерни линкови. Најпосле, да ги почитуваат правописните правила.

Мејл-адресата на која треба се праќаат текстовите е: zbornikrukopisi@gmail.com (со назнака „за Рукописи 45“), а организаторите нагласуваат да се почитуваат правилата на конкурсот и рокот за испраќање на текстовите. Конкурсот трае нешто повеќе од еден месец, а завршува на 20 февруари на полноќ. Текстовите што ќе стигнат по предвидениот рок нема да бидат разгледувани.

„Рукописи 45“ ќе излезе од печат на почетокот на мај оваа година, а во текот на мај планирана е и промоција во Панчево, односно тридневен фестивал (доколку дозволат епидемиолошките мерки). На авторите од Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Македонија и Црна Гора што нема да имаат можност да дојдат на промоцијата на Зборникот примероци ќе им бидат испратени по пошта.

За дополнителни информации посетете ја страницата: www.domomladinepancevo.rs и фејсбук-страницата @zbornik.rukopisi.

„Рукописи“ излегуваат во Панчево од 1976 година, а ги отпочнал панчевскиот книжевник и гимназиски професор Момчило Параушиќ со намера да ги собира младите и талентирани панчевчани и да им даде можност да си ги објават текстовите. Првите броеви се печателе во Здружението на книжевниците Панчево и новинарското списание „Панчевац“, а потоа издавач станал Домот на млади Панчево, кој и денес ја негува оваа традиција долга 45 години. Кон крајот на осумдесеттите години од минатиот век, „Рукописи“ стануваат југословенски зборник, потоа едно време излегуваат како книга што ги собира авторите од Србија и Црна Гора, за во 2004 година повторно да станат издание отворено за авторите од некогашните југословенски републики, сега самостојни држави. Идејата се покажа како значајна од повеќе причини, но најважно е тоа што уредниците и издавачот секогаш веруваа дека младите автори треба да се читаат, да се запознаваат меѓусебно и да комуницираат на јазици што ги разбираат. Поради тоа „Рукописи“ станаа и книжевен фестивал, составен од придружна програма посветена на книжевноста, секогаш со добра музика, и централна програма посветена на авторите објавени во актуелното издание. Рукописи се дел од книжевната традиција на Панчево, го уредувале и го уредуваат и значајни книжевници, но и млади, тукушто афирмирани, но Рукописи се дел и од книжевната традиција во регионот, своевиден културолошки феномен, пасош со кој се преминуваат границите, клучен збор разбирлив секаде... а Панчево е место за средба, размена на идеи и нформации, на тој начин формирајќи, како што рече еден од уредниците на овој зборник, „младо ткиво на традиција“.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Култура

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Read more

Коле Ангеловски: Театрите се распаѓаат, а ние финансираме фестивали во други држави

Read more

Ива Петреска ја промовира дебитантската стихозбирка „Песнило“

Read more
26 март 1901, роден е македонскиот сликар Лазар Личеноски

26 март 1901, роден е македонскиот сликар Лазар Личеноски

Read more
 

Вести

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Читај повеќе

Инспектори затекнале диви менувачници на Бит-пазар, но наместо да ги запечатат, им дозволиле да работат

Читај повеќе

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе